Сѐ уште се работи на проектите за реконструкција на Kонгресниот центар „Александар Македонски“ (Универзална сала), иако проектирањето за старо-новиот објект веќе требаше да биде готово.
Планот за осовременување на Универзалната сала во Скопје предвидува и обезбедување нова и најсовремена аудио и видео опрема која ќе овозможува одржување секаков вид настани.
Со реконструкцијата салата ќе добие доградба и две помали сали. Ќе има една сала со 200 и друга сала со 100 седишта и тие ќе бидат дел од центарот, кој ќе има и други помали мултифункционални простори. Се предвидува и доградба на посебен дел за администрацијата. Ќе се сменат сите седишта, системот за ладење и греење, покривот, а ќе се обнови и фасадата. Се ќе биде сменето, ќе имаме комплетна реконструкција.
Од Градежниот институт Македонија потврдија дека се при крај со проектот и се очекува да имаат завршна ревизија во наредните два месеца. Во доработка се и конечните предмети со проектантските суми.
Тие во април 2016 година го доби тендерот за измена и дополнување на проектот за реконструкција на Универзалната сала..
Универзалната сала е еден од симболите на изградбата на пост-земјотресно Скопје. Обновата на Скопје со следењето на принципот на меѓународна солидарност овозможи дури 35 земји од светот да донираат сопствени средства во издигнувањето на Универзалната сала (денешен Конгресен центар „Александар Македонски“).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.