Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска повторно побара средба со комесарот Јоханес Хан, во пресрет на неговата утрешна посета на Македонија.
– Денеска сме тука пред ЕУ Инфоцентарот, пред канцеларијата на ЕУ во Македонија во пресрет на доаѓањето на еврокомесарот Хан, да ги повториме нашите барања, нашето инсистирање да оствариме средба со него, како претставници на иницијативата која секојдневно ја поддржуваат 150 до 200 илјади граѓани во цела Македонија. Бараме од комесарот Хан да знае дека не може да се прави есап за народот во Македонија без народот во Македонија и бараме да се сретне со нас за да ги реафирмираме нашите барања кои што се ултимативни и непроменливи, рече Богдан Илиевски.
Тој нагласи дека бараат почит од ЕУ, како еден пинцип врз кој почива таа ЕУ, а не игнорира, бидејќи, како што рече, никој не смее да го игнорира народот во Македонија.
– Ние сме реалност, тоа го докажуваме веќе 22 дена, денеска очекувам уште поголема масовност отколку досега. Утре очекувам најголема масовност и апелираме и ги повикуваме сите граѓани, утре на денот на посетата на еврокомесарот Хан да излезат на улиците и уште еднаш да му повторат и покажат и нему и на домашните политички чинители дека никој не смее да не’ игнорира, дека нашите идеали за кои што излегуваме на улиците се фиксни, ултимативни и дека за нив ќе одиме до крај, рече Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.