| четврток, 6 декември 2018 |

Какво време нѐ очекува до крајот на неделава

До крајот на работната недела подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса, што ќе предизвика сончево и топло време, со мала до умерена облачност, соопшти УХМР.

Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината и ќе достигнат до 25 степени.

Во западните делови ќе имa услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во вторник и в четврток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top