| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски со поддршка за одлуката на Иванов: На Македонија ѝ е најважно да го задржи кредибилитетот

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, ја поддржа одлуката на претседателот Ѓорги Иванов за откажување на самитот на претседатели во Охрид. Попоски денеска на Петтиот годишен состанок на Регионалиот совет за соработка на регионот порача дека дијалогот е единствениот пат кој води до ЕУ.

– Сметам дека најважно е да го задржиме кредибилитетот на овој процес. Како земја која долго патела од блокади, сметаме дека блокадите не носат никому добро. Дијалог, отвореност и вклученост на сите е единствениот пат кој нѐ води напред, особено ако сакаме да бидеме дел од ЕУ. Тоа е нашата позиција – истакна министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top