| четврток, 6 декември 2018 |

Бесими: решението за името е поблиску отколку во 1995 година

besimiВицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, заминува на турнеја за барање поддршка за старт на пристапните преговори. Во Лондон, Брисел, Париз, Берлин, Мадрид и Даблин, Бесими ќе бара датум за почеток на преговорите  презентирајќи ги резултатите од реформите и сериозноста во напорите на за полноправно членство во ЕУ.

Пред патувањето не сака да го прогнозира резултатот од јунскиот самит, но лично смета дека досега требало да биде формирана бараната комисија, за што апелираше до политичките партии, но  и да биде решено прашањето на името. Околу проблемот со Грција, Бесими нагласува дека секој ден сме сѐ поблиску до решение за името, а, како што исткна многу поблиску од 1995 година.

Бесими и со иницијатива да ги премисли европратениците што не гласале за Резолуцијата за Македонија. До нив ќе испрати писмени покани за најавената конференција на Европскиот парламент во Брисел „Од сон до реалност: нов поттик за реформските процеси“, или ќе бара билатерални средби лично да им ги претстави ставовите и аргументите на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top