| четврток, 6 декември 2018 |

Коалицијата „За подобра Македонија“ од Куманово бара итна реакција од градоначалникот за скандалот со гимназискиот директор

Советничката група на коалицијата “За подобра Македонија” од Куманово е загрижена за неодамнешниот инцидент, во кој компромитирачки слики и видео материјал беа споделени по социјалните мрежи и интернет портали, кои во крајна индискреција посочуваат кон директорот на кумановската Гимназија, велат од советничката група.

Во продолжение следува соопштението на советничката група на коалицијата „За подобра Македонија“од Куманово

Реакциите од граѓаните се уште не стивнуваат и јасно укажуваат за негативните ефекти од објавата на сликите и видеото на социјалните мрежи, но исто така и од незаинтересираноста на градоначалникот за овој случај. По изјавата на Директорот на кумановската Гимназија, пред неколку дена, како и после видеото кое излезе на социјалните мрежи и интернет страните, од истиот директор, како и од тој кој што го има поставено за директор, нема ниту трага ниту глас.

Граѓаните на Куманово останаа без одговор од страна на локалната власт, која е најповикана да реагира со цел до крај и без недоречености, да се расчисти немилиот настан кој ги вознемири граѓаните, а посебно родителите  на учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“. Сметаме дека ова е многу осетлива тема и дека е најдобро, во интерес на јавниот морал и неприкосновеноста на личниот интегритет  на сите граѓани, овој случај во целост да се расчисти за доброто на сите. Како советници сме убедени дека во оваа ситуација, општинскиот совет мора да одржи итна седница, на која ќе се дискутира за овој инцидент со цел утврдување на одговорност и донесување конкретни мерки и  заклучоци, кои ќе  превенираат вакви или слични немили настани во нашата општина.

Затоа бараме под итно да биде свикана седница на Општинскиот совет на која задолжително ќе присуствува и градоначалникот на општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top