| четврток, 6 декември 2018 |

Дневникот на Бистра – По патеката на државноста ден 20

Ние у велико за Охрид, таму Карпош 5 не чека светнат од сонцето. И ми ѕвони другар ми да ме праша кај ќе го пиеме кафето, пишува фан страната Дневникот на Бистра-По патеката на државноста.

„Кај си ти, пред школка? Сабота е…“

Му велам си го промашил ивентот, си залутал бејбе. Хахахаха
У Охрид сум, идила е брат. У Охрид порано ја дочекавме пролетта, вие чекајте ја у вторник кај вас ќе дое….и му раскажувам…..Пуно е, деца, мајки, татковци, се е искочено, и замисли не само на кеј, сите се у езеро, на кајче, или у глисер, а ја у Александрија 2 брат, се знае со знаме у руки.
А замислете денес без пари се возиме, еј, у Охрид без пари се возиме. И охриѓани се фини, фини со нас скопјанчишчава, да не ти се веруе.

20-ти ден од протестите е, а централниот настан за денес Заедничка Македонија го напраи у Охрид со регата. Да ти е милина да глеаш, дури и охридсково водено поле ко мастило изглеаше, ем мирно, уште и блескаво, а Охридов шо памети многу империи, денес помагаше со целата своја питомина…шо би рекол соседот од Струга К. Миладинов … „сегде је божева хубавина, тамо по срце в кавал да свирам, с’нце да зајдвит ја… да уживам, шо друго?“ хахаха

И знаете со кој се дружам ја на протестиве овие денови…. си ги барам оние шо сами почнуваат, сами развиваат и сами заклучуваат тези. Хахахаха царој се, еден збор им почнуваш и везат, везат приказни, а бе Марко Цепенков може да им завиди…. Како поминавте деновиве? – велам. А двајцава пред Рибниов ми велат дека енергијата на охридскиве протести не била олку голема никогаш. „Ситe деној имаше ногу народ, незапаметено за Охрид, моме,“ – ми вели едниот.

Да ви кажам право, денес се уверив и самата. Не само достоинствено онака културно шо беше, туку ме изненади тврдокорноста, убеденоста на луѓево и поддршката шо и ја даваат на Заедничка Македонија. Денес езерово беше препуно со пловила кој со едно, кој со две знамиња, ама и со среќни и енергични луѓе. Значи охриѓани беа многу кул денес, леле ми иде да ги гушнам дури. Се надевам ќе ме држи чувствово ко ќе доам на лето кај охриѓаниве. Хахахах

И од брод повторно иста главна порака ОТФРЛАЊЕ НА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА. Си газиме цврсто и стабилно. НАРОДОТ Е ШТИТОТ ми иде да се развикам гласно по езероно.

Ептен ќеифот ми се напраи денес, некако црвено-жолтава пролет и по улици и у езеро, и на лицата на луѓето ја видов и доживеав. Оваа Заедничка Македонија насекаде ја има!

Денес у 33 града и 8 села.

Screenshot

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top