Овен
Се будат уморни, бидејќи се доста активни дури спијат. Хиперактивни се и имаат луцидни сонови. Затоа им треба колку што може поширок кревет бидејќи наутро се будат во формација морска ѕвезда.
Бик
Тие се многу добри во кревет, можат да спијат 26 часа без пауза. Би спиеле цел ден и цела ноќ доколку не би имале обврски. Единствено не можат да заспијат ако се нервозни или гладни. Мора сè да им е задоволено, како на бебиња.
Овој знак нема средина во ништо. Или спијат помалку од 6 или 12 часа. Би спиеле многу повеќе ако се одделат од мобилниот телефон барем пет минути.
Не спијат во текот на денот, но не спијат ни навечер. Овој знак е склон кон несоница и кошмари. Нормално спијат само кога се заљубени.
На Лавовите им треба сон за да го одржат она што им е најважно – убавината. Сите активности ги подредуваат на спиењето и одморот.
Идеален број часови сон за нив е 8 часа и еден снуз. Тие патат од премногу мислење и тоа им прави проблем во спиењето.
Вага
Не се спанковци, но се мрзливи и слободните денови сакаат да ги минуваат без да се поместат од креветот.
Шкорпија
Спиењето за нив е губење време и тие имаат попаметни работи за правење од спиење. Спијат „на нога“, само онолку колку што е потребно да функционираат.
Ќе спијат кога ќе имаат време а тоа е никогаш. Постојат толку нешта што треба да се направат и толку места да се посетат и планини да се искачат и луѓе да се запознаат.
Јарец
Добри 5 часа се доволни за овој знак. Често патат од анксиозност, лесно се вознемируваат и тогаш воопшто не спијат. Сакаат да им е удобно но не им треба голем комфор. Најсреќни би биле да спијат под отворено небо додека кампуваат.
Ѕвезда, полжав, слободен пад – Водолиите „вежбаат“ во сон. Немирно спијат и оние околу нив можно е да бидат повредени ако сонуваат дека играат фудбал.
Спиењето за нив е извор на младост, креативност и енергија. Од соновите црпат инспирација и често се повикуваат на мотото на Салвадор Дали дека додека спијат, тие всушност работат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.