Монодрамата „Господ е жив“, авторски и автобиографски проект на актерката Драгана Босниќ, ќе биде изведена вечер на малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.
Претставата е на српски јазик и е дел од проектот за културна поддршка на српското малцинство во Република Македонија.
Босниќ рече дека во претставата е обработена личната приказна на 40-годишна жена, која по два брака во две држави, останува без работа и е во безизлезна ситуација.
– Во еден момент додека е во дупката, ја прифаќа подадената рака која што ја извлекува од мракот кон светлината, посочи Босниќ.
Драгана Босниќ е дипломиран актер. Родена е во 1967 година, во Војводина. Актерска игра запишува и дипломира на Академијата за уметност во Нови Сад, во класата на проф. Петар Баниќевиќ. Професионалната актерска кариера ја почнува во Нови Сад, а потоа игра на сцената на Народниот театар во Сомбор, еден период во Народниот театар „Непсинхаз“ во Суботица, а потоа во КПГТ Белград, од каде доаѓа во Скопје.
Вработена е во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а настапува и на сцените на Драмскиот театар, Македонскиот народен театар и во Кумановскиот театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претставата „Три прави, три опачни“ на сцената на Велешкиот театар
-
Комедијата „Вдовицата се мажи“ премиерно ќе биде изведена во Велешкиот театар
-
„Ана Комнена“ на велешки театар вечерва на „Охридско лето“
-
Премиера на Велешки театар: „Тирамису“, претстава која се занимава со феноменот на потрошувачкото општество