Пред 150 години Русија ѝ ја продала на Америка Алјаска за симболични 7,2 милиони долари. Само за првите 50 години од владеењето над таа земја Американците од неа заработиле најмалку 100 пати повеќе. Многумина во Русија и денес не можат да разберат зошто Алјаска им била продадена на Американците така што се створени многу митови во врска со продажбата.
Се говорело дека Алјаска е дадена поради долгови, подарена, отстапена на наем. Имало верзија и дека Американците со измама им ја зеле на Русите. Спроед некои приказни Алјасја ја продала уште Катерна Велика, а за парите кои ги добила си купила балски фустани, пишува „Спутник“.
Алјаска е продадена 1867 година во време на царот Александар Втори, а договорот бил склучен од двете страни. За продажбата се преговарало со години.
Рускиот цар во тоа време верувал дека на Американците им подал огромно диво пространство на кое нема ништо друго освен снег и мраз. Причина за продажба биле и финансиски проблеми во Русија и страв дека други светски сили може да преземат контрола над територијата. Во тоа време државата имала и други грижи – Кримската војна само што се завшрила и биле потребни пари за обновување на флотата и војската, но и за други планирани реформи.
Постои мислење дека Алјаска можеби е дадена за без пари, односно за 1,5 милиони квадратни метри Американците платиле само 7,2 милиони долари односно помалку од пет центи за хектар. Меѓутоа, Америка нудела и помалку пари – само пет милиони долари, но руската страна успеала да извлече уште неколку милиони.
Некои уште веруваат дека советскиот лидер Никита Хрушчов ја подарил Алјаска на САД.
До 1959 година Алјаска не била официјално американска држава, наводно поради „економска заостанатост“. Вистинската причина била во тоа што Амеиканците чекале да помине период од 90 години за кој многумина тврдат дека бил дел од договорот од 1867 година според кој Алјаска не била продадена, туку само „изнајмена“. Хрушчов во 1957 година го потврди правото на САД на Алјаска.
Две години подоцна Алјаска стана 49. држава на САД откако претседателот Двајт Ајзенхауер го потпиша правото на сопствеништво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.