| четврток, 6 декември 2018 |

Платил 9 евра карта за во парк, а по половина час станал многу богат

Момчето Калел Лангфорд (14) го посетило Националниот парк во Арканзас кој го нарекуваат „кратер дијаманти“. Сонот за пронаоѓање на благото за него стана реалност по само неколку часа.

Се шетал низ брегот на реката во „кратерот дијаманти“ кога здогледа светлечки браун камен на теренот. Веднаш знаел дека пронашол нешто посебно, па го повикал својот татко.

Грег Ланфорд изјавил дека и двајцата веднаш знаеле дека некој мора да го провери каменот.

Дијамантот имал боја на кафе и бил цврст, но им било јасно дека не е во прашање нешто обично.

Dijamant-Arkanzas-2

Кога го однеле каменот на идентификација во паркот, каде влезницата чини само 9 евра, биле шокирани кога дознале дека тоа е седми по големина дијамант кој таму може да се најде.

Најголемиот во последните 40 години бил браун дијамантот кој има дури 7,44 карати.

Кател каменот наречен „Супермен дијамант“, поради неговата љубов кон човекот од челик. Одлучиле да го понесат дома како сувенир, пренесува CNN.

Повеќе од 75.000 дијаманти се откриени во овој парк, а првиот е пронајден во 1906 година.

Паркот има политика на „кој го најде, негово е“, и тоа е прилично великодушно со оглед на тоа колку големи дијаманти можат да се пронајдат таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top