| четврток, 6 декември 2018 |

Модерните робови на денешницата, берат овошје за скромна плата

Во Алентеја во Португалија има потреба од работна сила.

До работници се доаѓа и преку трговци, а азиските работници работат во нечовечки услови.

Луѓе од Индија, Тајланд, Бангладеш, Пакистан и Виетнам работат во Португалија. Само во Сао Тотонијо каде има 6.500 жители има и 4.000 работници.

Тие берат портокали, садат јагоди, цвеќе, кои се извезуваат во земјите од ЕУ.

Работат по 10 и повеќе часови на ден, за празници, и викенди, а добиваат скромна сума.

Ако имаат среќа добиваат по 3 или 3.40 евра по час. Овие работници стигнуваат во земјата легално или илегално.

Некој мора да ја работи и оваа работа затоа што Португалците не сакаат да работат. Поругалците не сакаат да се мачат за минимална плата од 500 евра.

Овие работници се сместуваат во контејнери или во куќи кои се пред уривање, каде нема струја или вода.

Азиските работници се подготвени на ризици за да го прехранат семејството кое останува во нивната матична земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top