Оган што избувнал на првиот кат од куќа на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, ги зафатил и соседните две куќи, но за среќа во настанот нема повредени лица.
Според информациите на СВР Тетово, пожарот се појавил во домот на А.А. (38) околу полноќ, кому му настрадале покривот од куќата и две соби. Пламените јазици кои се прошириле на соседните објекти ги оштетиле покривот, една соба и фасадите.
Пожарот бил изгаснат со интервенција на противпожарната единица.
Засега не се познати поричините кои го предивикале опожарувањето во едно од најнаселените делови на градот, а по увидот кој денеска се спроведе ќе биде утврдена и штетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст