| четврток, 6 декември 2018 |

Нова паника- дете со пиштол во градинка

lego-gunШестгодишно момче се најде во центарот на вниманието на јаноста бидејќи беше  обвинето дека внело пиштол во автобус. На детето му беше одредена дисциплинска мерка, писмено да се извини на возачот, како и забрана да  го користи автобусот.

Според возачот на училишниот автобус, кој го пријавил случајот, кога шестгодишниот Крејн влегол во автобусот, друго дете од градинката почнало да вика дека носи пиштол, по што настанала голема паника.

По протестот на мајката Мике Крејн, управата одлучила да го прегледа видеоматеријалот од автобусот. Се гледа дека се работи за пластична играчка не поголема од петденарка. Притоа се гледа дека дете смирено дига рака и со смирен тон му кажува на возачот дека малиот Крејн носи играчка-пиштол. Во автобусот воопшто не настанала паника или какво било вознемирување.

Мајката, пак, е револтирана од првичната дисциплинска мерка за детето и од преземените првични мерки, но по нивното укинување, вели дека е задоволна, но и дека и детенцето е среќно бидејќи не е казнето.

Невозможно да му се објасни на дете од 6 години за „нула толеранција за оружје“ и поврзаноста со овој случај.

Сега казна ќе сноси возачот на автобусот, а училиштето праќа писма до сите родители на децата од градинката, заедно со слика од „оружјето“.

Ова не е прв случај во истото училиште во Масачусетс, САД поврзано со оружје. Пред две години 9-годишен ученик е суден пред малолетнички суд заради носење воздушен пиштол во училиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top