Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска допатува во прва посета на Кина, каде оствари средба со својот кинески колега Ванг Ји, а можно е да се сретне и со шефот на државата Си Џинпинг.
Тилерсон пристигнал во Кина со остар став на САД по прашањето за Северна Кореја во тензична атмосфера откако американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Пекинг дека не врши доволно притисок врз Пјонгјанг за прекин на нуклеарната програма.
Во текот на својата азиска турнеја Тилерсон го прекина повеќегодишното стратешко трпение околу Северна Кореја, порачувајќи дека тој пристап „не е успешен“ и можна е американска акција против Пјонгјанг доколку заканите ескалираат.
Според западни медиуми, се очекува кинеските официјални претставници да изразат силно незадоволство поради поставување на американскиот противракетен систем во Јужна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.