| четврток, 6 декември 2018 |

Ослбодете се засекогаш од темните кругови околу очите

podocnjaci

Постојат голем број на причини зошто темните кругови околу очите се појавуваат, но за среча има и повеќе начини како да се ослободите од нив на природен начин и без скапи интервенции

Користењето на природни маски за лице ќе ви помогнат да се ослободите од овој проблем и да го спречите неговото појавување. Важно е да бидете упорни и да го повторувате третманот секој ден, најмалку една недела за да забележите позитивни резултати.

Тоник од рози

– листови од 1 роза

– 1 чаша жешка вода

Налејте ја водата врз листовите од роза и оставете да се излади. Изладената смеса процедете ја и во неа натопете памукчиња кои ќе оставите да стојат под очите 15 минути.

Бадемово масло

Нанесете 2-3 капки бадемово масло и лесно масирајте ја областа под очите секоја вечер пред спиење. За една недела веќе ќе забележите подобрување.

Краставица

Краставицата содржи голема количина антиоксиданси и природни средства за избелување. Исечете тенки кругови краставица и ставете ги во фрижидер околу 30 минути. Така изладени ставете ги врз очите и оставете ги 10-15 минути.

Зелен или црн чај

Направете чаша зелен или црн чај, почекајте да се излади, а потоа натопете памукчиња и нанесете ги на очите. Оставете ги да дејствуваат 10-15 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top