Иако првично го потврдивме учеството на вечерашната ТВ дебата на телевизија Телма, поврзана со идните активности во собранието, ВМРО ДПМНЕ попладнево одлучи да не учествува во оваа дебата во знак на протест за загушувањето на медиумите кои не му се допаѓаат на Заев и на СЈО, како и на сценаристите зад нив, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ преку својата продолжена рака СЈО незаконски врши притисоци врз сите медиуми кои не се под контрола на СДСМ и беа прогласени за најголеми непријатели на криминалецот Заев, велат од партијата.
Со овој чин ВМРО ДПМНЕ изразува солидарност кон медиумите кои се под политички прогон со цел нивно замолкнување и реализирање на сценариото за остварување на тиранската платформа и промема на името и идентитетот по грчки терк.
-Сите поважни медиуми кои имаат критички осврт кон ова сценарио се под удар на СДСМ- СЈО и надворешни центри кои стојат зад операцијата. Покрај упадите во неколку национални телевизии, на удар е и сопственикот на ТВ Нова со цел замолкнување на оваа телевизија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст