| четврток, 6 декември 2018 |

Место вандализам, подарок и порака за Иванов: Не подлегнувајте на притисоците, да се зачува идентитетот на Македонија

pod

Играорците кои денеска се приклучија со поддршка кон граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, му дадоа подарок на претседателот Ѓорге Иванов и му изразија поддршка и порака да не подлегнува под притисоци и да ја зачува Македонија каква што ја имаме. Наместо вандализмот кој го покажаа учесниците во Шарената револуција кои целосна ја уништија народната канцеларија на Престседателот Иванов, овие млади момци и девојки денеска покажаа како треба да се почитува претседателот како државна институција и му порачаа да не подлегнува под притисоците.

– Сакаме да му изразиме поддршка на нашиот претседател Ѓорге Иванов, да не подлегне на притисоците, да ни го сочува македонското име, македонската химна македонскиот јазик, бидејќи ние сме амбасадори кои ја претставуваме нашата Република Македонија во странство. Да не подлегне, да го зачува идентитетот на Македонија, порачаа тие во народната канцеларија на претседателот на државата.

igra-2

igraorci-poklon-za-ivanov-768x393

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top