Во одговорот на иницијативата на СДСМ за свикување на продолжението на конститутивната седница Вељаноски закажа координација за вторник на која треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, по што треба да се закаже седница на Собранието.
„Денес во Собранието на Република Македонија ми беше доставено барање од 67 пратеници за закажување на продолжение на конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав, почната и прекината на 30 декември 2016 година. Од тие причини, а по извршените консултации со овластените претставници на политичките партии застапени во парламентот, закажав координативна средба за вторник, 21 март 2017 година, во 12 часот. На координативната средба треба да биде утврден предлогот за состав на комисијата за прашања на изборите и именувањата кој ќе послужи како основа за закажување на продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија“, стои во одговорот на претседавачот со Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав, Трајко Вељаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


