| четврток, 6 декември 2018 |

Сакаа да играат меѓу себе, но во меч за титулата

emilio butragenjo

Сакавме да играме со Баерн Минхен, но некоја фаза подоцна, вели Емилио Бутрагењо, еден од челниците на Реал Мадрид и поранешна легенда на „кралевите”, како реакција по ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Реал Мадрид и Баерн ќе се судрат во еден од двата мега дуели на гигантите, а второто дерби е меѓу Јувентус и Барселона.

– Баерн е еден од најтешките противници и ни падна токму на нас. сакавме да играме со нив, но некоја фаза подоцна. Мала предност за нас е што реваншот ќе го играме дома – изјави Бутрагењо.

Двата состави имаат најмногу четвртфиналиња заедно од сите 8 екипи кои останаа во трката за европската титула. Реал Мадрид има 33, а Баерн 27, што само ја покажува силата и рејтингот на двата гиганти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top