| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалниците и советниците можат да ги извршуваат надлежностите до мај

­

min

Градоначалниците и членовите на советот на општините можат да ги извршуваат своите надлежности до завршување на рокот определен со Изборниот законик, односно до крајот на првата половина на мај, стои во мислењето од Министерството за правда, кое поради настанатата ситуација произлезена од немањето услови за распишување на локалните избори во законскиот рок го побара Министерството за локална самоуправа. ­ Согласно мислењето од Министерството за правда, постојните градоначалници и членовите на советот на општините можат да ги извршуваат своите надлежности утврдени со закон до завршување на рокот определен во членот 16 став (1) од Изборниот законик, односно до крајот на првата половина на мај, со цел да се обезбеди заштита на уставно загарантираното право на граѓаните на локална самоуправа преку обезбедување континуирано вршење на надлежностите од страна на органите на општината (градоначалникот и советот), се наведува во соопштението од Министерството за локална самоуправа. Оттаму посочуваат дека Уставот на Република Македонија во членовите 114 и 115 го гарантира правото на граѓаните на локална самоуправа, како и правото на нивно непосредно и преку претставници (членовите на советите), учество во одлучувањето за прашања од локално значење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top