| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Манасков од следната сезона ќе го носи црвениот дрес на Веспрем!

manaskov

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков од Рајн Некар Левен се сели Воеспрем. Она што веќе извесно време се шпекулираше денеска доби и официјална потврда од унгарскиот првак.

Манасков со Веспрем потпиша едногодишен договор со важност до 30 јуни 2018 година.

Крилото на македонската репрезентација лани од Вардар замина во Рајн Некар Левен, но во германскиот шампион сезонава немаше голема минутажа покрај Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон и веќе се навестуваше промена на средината. На негово место Рајн Некар Левен за следната сезона го ангажира младиот шведски репрезентативец Џери Толбринг, а Манасков се реши за преселба во Унгарија.

Веспрем од летово го презема Љубомир Врањеш и тој си креира тим за својот стил на игра во кој влегува и македонското крило. Од следната во Веспрем на лево крило доаѓа и Французинот Кентин Мае од тимот на Фленсбург.

Веспрем денеска ги претстави и сите засилувања за наредните две сезони: тренерот Љубомир Врањеш заедно со Дејан Манасков, Мануел Штрлек, Кент Робин Тонесен, Вилијам Акамбре, Кентин Мае и Матијас Ѓер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top