„Алкалоид АД Скопје“ продолжува со традицијата за регионално лидерство при имплементација на нови алатки и функционалности во тековното работење.
-Ова е првата компанија во Република Македонија и првата регионална фармацевтска компанија која самостојно имплементираше и пушти во употреба иновативна апликацијa “CRM Sales Vision Pharma Аnywhere“ што всушност претставува надоградба на постоечкиот (CRM System) систем за управување на односите со клиентите, кој компанијата за прв пат го имплементираше во фармацевтскиот сегмент во 2008 година. Оваа апликација која функционира со мобилни таблет уреди (Apple, iPad4), овозможува постојана, навремена и ефикасна комуникација помеѓу вработените во Компанијата: оние кои се на терен, во канцелариите во базата и во подружниците надвор од Македонија – велат од Алкалоид.
Функционалностите на ова решение, како што велат, се поврзани со анализата на податоци, секојдневното планирање, маркетиншки активности, анализа на податоци, проекти, истражувања итн.
-Успешното комплетирање на овој проект од полето на информатичката технологија и телекомуникации на Алкалоид АД Скопје, ја отвори вратата за следната планирана фаза, а тоа е работа на терен со таблет уреди и во останатите подружници надвор од Македонија и нивно синхронизирање со базата – истакна Никола Димовски, директор на сегментот за информатичка технологија (ИТ) во компанијата.
Генералниот директор на компанијата-партнер на Алкалоид за овој проект, “Media-Soft“, Дамир Шафариќ, обраќајќи се од Лондон, истакна дека соработката со „Алкалоид“ претставува огромно задоволство за нив како компанија:
– „Алкалоид е многу амбициозна компанија со моќно портфолио, посветена на иновации и во тие визии ние сме апсолутно компатибилни. Секогаш е добро да се види дека клиентите сакаат и бараат сè посовршени системи“, изјави Шафариќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година
-
„Алкалоид АД“ годинава со 9 отсто поголема добивка од лани и 92 нови вработувања за девет месеци


