Дрогата канибал пристигна во Србија, пишуваат српските портали. Дрогата „кристал мет’ е позната по силните ефекти што ги предизвикува и претставува сè поголема закана за Македонија. Поради зголемениот „сексуален глад“, оваа дрога била причина нејзините корисници да си ги силуваат дури и членовите на семејството, а честа појава е и смртта од овој вид дрога.
Пред два дена српската полиција заплени 8,5 килограми од оваа дрога. Освен што предизвикува неверојатна желба за секс, оваа дрога, исто така, од нејзините корисници прави канибалисти.
-Забележавме дека меѓу наркозависниците во Србија расте интересот за оваа дрога. Ова е втор обид на српските дилери да ја пренесат оваа дрога на српскиот наркопазар. Уапсени се четири дилери, кои се обидоа да ја прошверцуваат дрогата во Србија – вели извор близок на истрагата.
Последните месеци оваа дрога стана хит низ светот, со оглед на тоа дека не предизвикува силни физички кризи.
Тој што ја употребува оваа дрога станува еуфоричен, му расте самодовербата, има силен сексуален нагон, има халуцинации…
Тоа што е најзагрижувачко е дека оваа дрога е поевтина од другите типови дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



