„Уредувачката политика на ТВ Нова не се совпаѓа со политиката којашто му е по вкус на Зоран Заев, изјави универзитетскиот професор Александар Климовски во „Отвореното студио“ на ТВ Нова говорејќи за одредувањето мерка притвор за сопственикот на телевизијата.
Тој истакна дека Заев навестил вакви расчистувања кон медиуми кои известуваат на начин кој не му се допаѓа, и затоа ја пратија Катица Јанева со нејзиното, како што го нарече, противуставно СЈО.
„Се работи за Сеад Кочан, човек којшто нема криминално досие, кој е успешен бизнисмен и угледен граѓанин во една бошњачка заедница која е многу јако интегрирана во државава. Истиот тој Сеад Кочан е сопственик на бизнис којшто вработува 10 000 луѓе. Се оди против тоа лице за наводен криминал кој допрва треба да се докаже, каде од формален аспект се исполнети сите претпоставки тендерот да ја има законитоста и транспарентоста, и ако покаже ревизијата дека извршувањето на работите е завршена, така како што е утврдено во договорот, нема дело“, додаде Климовски.
Тој смета дека ова е само една хајка за да се направи штета врз Сеад Кочан, па преку него и на Трансмет, а преку Трансмет како финансиер и на ТВ Нова, за конечно ТВ Нова да атрофира финансиски и повеќе да не постои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст