| четврток, 6 декември 2018 |

Овие работи никогаш не треба да ги жртвувате поради љубовната врска

Кои нешта не треба никогаш да ги жртвувате во вашата врска?

1. Личната среќа

Вашиот партнер треба да донесе среќа и радост во вашиот живот, наместо да ве уназадува и растажува. Ако имате чувство дека партнерот прави да се чувствувате незадоволно од животот, тогаш тоа е знак дека повеќе не сте во здрава врска, пишува Lifehack. Факт е дека таа/тој нема секогаш да биде во добро расположение, но ако со тоа ве повредуваат тогаш не треба да си имате работа со нив.

2. Слободата

Во здрава врска би требало да излегувате и уживате со вашите пријатели без притоа партнерот да се лути. Посесивното однесување обично е знак на несигурност, а несигурноста е проблем што вие не можете да го решите кај друг човек.

3. Вашата личност

Вашата личност ве прави да бидете тоа што сте, а вистинскиот партнер секогаш ќе ги цени вашите особини. Во среќна врска никој не би сакал да го промени другиот бидејќи прифаќањето со сите мани и доблести е еден од клучните елементи за успешна врска. Се разбира дека во врската треба да има компромис, но немојте да бидете со човек кој сака да ја промени вашата личност.

4. Соништата

Во добра врска постои поддршка меѓу партнерите и тоа на секој чекор. Нормално е секој да има различни желби и соништа, но треба да навивате еден за друг кога се стремите кон исполнување на истите.

5.Вашите пријателства

На почетокот на секоја врска партнерите сакаат да бидат сами, тоа е поради возбудата и желбата времето да го минуваат постојано заедно. Но, ако ваквиот однос продолжи и понатаму, а вие ги занемарите пријателите и најблиските, односно многу ретко се гледате со нив, тоа би можело да укажува на посесивна врска. Многу е важно да одржувате здрави врски со други луѓе во животот, а помалку да зависите од партнерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top