Два патнички автомобили и еден трактор се учесници во сообраќајната незгода што вечерва околу 19 часот се случи на патот Охрид-Струга, кај средното училиште „Јахја Кемал“.
„Засега можам да ја потврдам сообраќајната несреќа и дека во истата нема посериозно повредени лица. Увид е извршен на лице место и немаше застој во сообраќајот“, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Од охридската полиција повеќе информации за сообраќајката најавија за утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.