Улиците на Струмица повторно во црвената и жолта боја, граѓаните уште еднаш кажаа „НЕ“ за двојазичноста и дебати кои се вовед во менување на знамето, химната и грбот на Република Македонија.
Граѓани се собраа на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ од каде што се упатија кон споменикот на Бежанците од 1913 година.
Професорот во струмичката гимназија Павле Стојанов, на оригинален „бежански“ говор ги прераскажа кажувањата на Бежанците кои, како што рече, ги слушнал кога бил дете.
– Единствено често спомнувано им беа маките, премрежјата и проблемите кога бегале во 1913 година и нивниот копнеж да се вратат кон своето огниште. „Чио’дме ние еден дем, долце чио’дме“, често велеа, чекајќи го мигот да се вратат во своите домови, кои според нив ги напупштиле пред Петровден, бегајќи директно од нивите, оставајќи се зад себе, рече Стојанов.
Граѓаните на Струмица, но и околните општини, веќе петнаесетина денови го искажат својот револт од, како што велат, наметнатата тиранска платформа, барајќи сите политички партии од македонскиот блок да го отфрлат овој документ и да се заложат за зачувување на унитарноста, идентитетот, името, знамето и химната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст