| четврток, 6 декември 2018 |

Од ден на ден се повеќе граѓани на протестниот марш во Куманово: Народот ќе ја сочува државата

kumanovo-zzm

Кумановци вечерва се приклучија на маршот во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“ и ги повторија пораките за зачувување на унитарниот карактер на државата и против двојазичноста, промена на Уставот и отфрлање на тиранската платформа.

Тие се собраа на булеварот „Октомвриска револуција“ и продолжија кон централно градско подрачје, а маршот, како и претходните денови, заврши пред Центарот за култура каде се обрати Тони Чатлоски, кој рече дека секој ден се повеќе граѓани од различни возрасти се приклучуваат кон одбраната на татковината и идентитетот.

– Ние не сакаме ништо што е туѓо. Се бориме да го сочуваме она што е наше и ќе се избориме, рече Чатлоски, додавајќи дека народот ќе ја сочува државата бидејќи од ден на ден има се повеќе граѓани.

Протестен марш е најавен и за утре од пред старата црква во Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top