| четврток, 6 декември 2018 |

Лари Кинг од сега ќе работи за Русите

larry-king

Познатиот американски телевизиски водител Лери Конг наскоро ќе почне со реализација на сопствено шоу на руската телевизија на англиски јазик „Раша тудеј“ (Russia Today), објави главниот уредник на медиумот Маргарита Симоњан на својот профил „Твитер“.

Во соопштението на Симоњан не се посочува кога Лари Кинг ќе премине во „Раша тудеј“, но прес-службата на телевизијата информира дека првата емисија од шоуто „Лари Кинг Нау“ (Larry King Now) ќe се емитува на почетокот на јуни.

Шоуто ќе се емитува секојдневно од студијата на „Раша тудеј“ во Вашингтон и на продуцентската компанија „Ора-Ти-Ви“ во Лос Анџелес.

Лери Кинг работи како новинар веќе 56 години. Во својата досегашна кариера тој има направено над 50.000 интервјуа со претседатели, премиери, актери, музичари и други јавни личности. Тој е добитник на повеќе награди, меѓу кои и „Пибоди“ и „Еми“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top