Во Неготино вечерва се одржа протестен марш со кој граѓаните дадоа поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“ и за унитарноста на државата.
Тие изразија незадоволство од тиранската платформа, која според нив, значи разнебитување на државата.
Пандорка Илкова, професорка по македонски јазик рече дека со отпочнувањето на преговорите за тиранската платформа започнува процесот на уништување на се она што не идентификува како Македонци.
– Секој кој се чувствува како Македонец, кој го сака јазикот македонски и го и го смета за свој, кој застанува на нозе, дури се вее македонското знаме и се пее македонската химна, ќе излезе на овој незапирлив марш за заштита на унитарноста на Македонија. Овој марш не е марш на омраза и национализам, туку на одбрана за својата земја, за својот јазик и за се она што нас Македонците не прави Македонци, рече Илкова.
Учесниците на протестот порачаа дека Македонија е на Македонците и на сите оние кои се чувствуваат како Македонци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст