Пред платото на Домот на културата во Кичево вечерва продолжи граѓанскиот протест на здружението „За заедничка Македонија”.
На присутните им се обрати Даме Силјаноски, кој во име на граѓанското здружение, рече дека сакаат да упатат порака за унитарна Македонија на сите граѓани без прифаќање на платформи создадени во туѓи држави.
– Граѓаните се освестија и нема да дозволиме никој да го уништи нашиот соживот. Уште еднаш ги повикуваме сите наши сограѓани без оглед на националната, верската или партиската припадност што сакаат да живеат во нашата заедничка држава Македонија, да ни се придружат на нашиот мирен протест. Ќе продолжиме со протести додека не се осигураме дека Македонија ќе остане таква каква што си ја сакаме и каква што треба да биде – унитарна и заедничка за сите нејзини граѓани, истакна Силјаноски.
Протестот продолжи со марш низ улиците на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст