Додека сирискиот претседател Башар ал Асад објави дека почнале да пристигаат руските ракетни системи С-300, генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун апелираше светот да ја поддржи руско-американската иницијатива за преговори меѓу власта и опозицијата.
Бан додава дека конфликтот во Сирија има длабоки политички корени кои не можат да се решат со воени средства, сѐ додека внатрешните и надворешните поддржувачи не ја отфрлат можноста дека военото решение е можно.
– Сирија се распаѓа пред наши очи. Хаосот создава поволна почва за радикализмот и сѐ повеќе ѝ се заканува на регионалната стабилност. Ги повикувам сите земји да го искористат своето влијание за да придонесат за пресекување на доставките на оружје и да ги убедат странските групи да ги повлечат своите борци од Сирија – вели Бан Ки Мун во порака до средбата во Техеран, посветена на Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


