| четврток, 6 декември 2018 |

Опзициските медиуми со лажни вести го уриваат угледот на сопственикот на ТВ „Нова“

Лажни информации се појавија на некои опозициски медиуми за избувнат пожар во кој, наводно, изгорел луксузен автомобил марка „бентли“ во сопственост на бизнисменот Сеад Кочан. Од МВР за „Република“ соопштија дека бил регистриран случај на опожарено возило, но дека станува збор за сосема друг сопственик и друг модел на автомобил. Според информациите од МВР пожарот се случил нa улицата „Пришка“ во шест часот, при што изгорел автомобил марка БМВ во сопственост на П.Т. неофицијално станува збор за газда на угостителски објект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top