Вооружен азилант упаднал во филијала на Шпаркасе во германскиот град Дуисбург и држи двајца вработени, маж и жена, како заложници, пренесоа светските медиуми.
На местото на настанот веднаш стигнале полициски патроли, но засега ништо не се знае за мотивите, кои го натерале азилантот на ова ниту, пак, е соопштено која националност е тој.
-Моментно ја обиколивме цела област, рекол еден портпарол на полицијата. На местото на настанот, според негови зборови, има тешко вооружени специјалци.
-Мораме да претпоставиме дека внатре има најмалку еден вооружен напаѓач и уште неколку личности – рекол тој додавајќи дека овој напад се смета за нетипичен грабеж на банка затоа што се случил пред да биде отворена банката.
Полицијата не воспоставила контакт со луѓето во зградата на банката. Портпаролот наведува дека очевидци потврдиле дека напаѓачот кај себе има оружје.
Една работничка во банката, која успеала да избега утринава, ја известила полицијата за овој напад, кој се случил малку пред 9 часот. Вработените слушнале гласови како доаѓаат од трезорот кога утрово стигнале на работа. Полицијата е известена во 8.40 ч за ситуацијата, а банката требало да биде отворена во 9 ч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст