| четврток, 6 декември 2018 |

Судија ја блокираше одлуката на Трамп за забрана за патување, тој смета дека ги надминува своите ингеренции

Американскиот претседателот Доналд Трамп истакна дека одлуката на федералниот суд во Хонолулу за блокирање на стапувањето во сила на неговиот нов указ за миграција е досега незбележено надминување на ингеренциите на судската власт.

Во говорот пред многубројните поддржувачи во Нешвил, Трамп нагласи дека е подготвен докрај да се бори против одлуката на судијата и дека ова прашање ќе стигне до Врховниот суд, доколку има потреба од тоа.

-Законот и Уставот му даваат право на претседателот да ја запира мигранцијата, тогаш кога тој или таа сметаат дека тоа е во интерес на земјата. Денешната судска одлука создава претстава дека сме слаби, истакна американскиот претседател.

Претходно, федералниот суд на Хаваи ја блокираше новата забрана на Трамп за влаз во САД на патници од шест муслимански земји. Тоа се случи неколку часови пред забраната да стапи во сила, јави ДПА.

Американскиот сојузен судија Дерик Вотсон наложи итна забрана на претседателскиот указ, што имаше за цел привремено да го забрани влезот во САД на повеќе бегалци, како и патници од шест муслимански земји (Судан, Сирија, Иран, Либија, Сомалија и Јемен).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top