| четврток, 6 декември 2018 |

Чавушоглу: Европа оди кон пропаст

Турскиот министер на надворешни работи Мевљут Чавушоглу во коментар на изборите во Холандија, изјави дека Европа оди кон пропаст и религиозни војни.

Како што јави агенцијата Анадолија, Чавушоглу забележа дека повеќето партии, што учествуваа на вчерашните парламентарни избори во земјата, освоиле меѓу 17 и 20 проценти од гласовите на избирачите,

– Нема разлика меѓу социјалдемократите и фашистот (Герт) Вилдерс. Тие се една иста матрица, рече тој.

Според Чавушоглу, европските партии континентот го водат кон крах-

– Наскоро во Европа ќе избувнат религиозни војни, изјави шефот на турската дипломатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top