| четврток, 6 декември 2018 |

Под мотото „Америка на прво место“ Трамп денеска го претставува новиот буџет на САД

NEW YORK - SEPTEMBER 23: Donald Trump attends the game between the New York Yankees and the Tampa Bay Rays on September 23, 2010 at Yankee Stadium in the Bronx borough of New York City. (Photo by Mike Stobe/Getty Images) *** Local Caption *** Donald Trump

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе претстави дел од буџетскиот план за в година, што се очекува да ги инкорпорира зголемување на трошоците за одбрана и намалување на средствата за помошта за странство и заштитата на животната средина, јави ДПА.

При составувањето на предлог-буџетот погледите на претседателот се претворија „во бројки“, забележи директорот за буџет Мик Малвени, посочувајќи ги повеќето пари за одбрана, граничната безбедност и примената на правото.

– Имате кандидат со мотото „Америка на прво место“, имате и буџет со мотото „Америка на прво место“, рече Малвени. Буџетот на Стејт департментот ќе биде намален за 28 проценти, најмногу преку намалување на програмите за помошта за странство, додека „главната дипломатска функција на департментот“ ќе биде задржана, посочи директорот за буџет. Државниот секретар Рекс Тилерсон, кој се наоѓа во посета на Јапонија, денеска во Токио изјави дека, очигледно, нивото на расходи на Стејт департаментот го достигна нивото што не може да се издржи, имајќи го предвид намалувањето на финансиите за дипломатијата на неговата земја за 28 отсто.

Министерството за одбрана, пак, ќе добие 10 проценти или 54 милијарди долари повеќе, а Министерството за внатрешна безбедност шест проценти повеќе, вклучувајќи и 1,5 милијарда долари во текот на оваа година за изградба на ѕидот покрај јужната граница и 2,6 милијарди долари во 2018 година.

Предлог-буџетот вклучува и намалување на финансирањето за Агенцијата за заштита на животната средина, а ќе се прекине и со владиното учество во Корпорацијата за јавно радиотелевизиско емитување („Си-Пи-Би“).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top