| четврток, 6 декември 2018 |

Девет сообраќајки во Скопје, тешко повреден велосипедист

soo

Девет сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, во една од кои со тешки повреди се здобил велосипедист, а во друга едно лице е полесно повредено. Во останатите седум сообраќајки е причинета материјална штета.

Казнени мерки се изречени на 19 возачи поради движење со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, осум возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и на осум возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се двајца пешаци кои сториле прекршоци по разни основи. Затекнати се и 52 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 55 возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top