
Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски денеска оствари средба со претставници на парламентарната Комисија за избори, имунитет и деловничко уредување на германскиот Бундестаг, која престојува во дводневна работна посета на Република Македонија.
Министерството за надворени работи соопшти дека на средбата со германските пратеници се разговарало за актуелните внатрешнополитички состојби во Македонија, економските врски помеѓу двете држави, како и за соработката за македонската интеграција во Европската унија.
– Беше нотирана принципиелната поддршка на С.Р. Германија за евроинтеграцискиот процес на нашата земја, како и посветеноста кон исполнувањето на реформите за членството во ЕУ и НАТО. Воедно, беше поздравена и досегашната улога и поддршката од Бундестагот, се вели во соопштението. Потребна е зголемената извесност за интегрирање во ЕУ ако сакаме мир и стабилност и во регионот и во ЕУ, истакнал Попоски.
Тој, стои во соопштението, потенцира дека интеграцијата на Македонија е дотолку важна за земјата што по влезот во ЕУ, историјата би се делела на пред и по членството во Унијата. Од пратениците е изразена благодарност за клучната улога што Македонија ја имаше во менаџирањето на мигрантската криза и спречувањето на илегалната миграција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


