| четврток, 6 декември 2018 |

Српски Информер предупредува: Зоран Заев и албанските партии кројат план како да влезат во Собрание и да направат влада

informer

Албанската марионета и лидер на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев во својата земја планира на власт да донесе терористи од поранешната ОВК, пишува српскиот весник Информер. Заев како потпретседател на Владата ќе го постави Али Ахмети, еден од основачите на ОВК. Неговиот поранешен соборец, Талат Џафери, за кој постојат сомневања дека е вмешан во еден од најголемите масакри во историјата на Македонија, го планира за претседател на македонското Собрание.

Двајцата поранешни терористи се подготвуваат за важни државнички функции, пишува спрскиот весник повикувајќи се на информации од македонските медиуми.

– Ахмети кој е лидер на најголемата албанска партија во Македонија, ДУИ ќе биде во позиција да го заменува претседателот на владата и да носи клучни одлуки. Џафери, исто така функционер на ДУИ, на позицијата претседател на Собрание, според Уставот, ќе може да го менува претседателот на државата. Тоа значи дека доколку нешто му се случи на претседателот, Џафери ќе ја преземе наговата функција, пишува весникот.

Како што наведува Информер, не треба да се заборави дека Ахмети беше основач на ОВК и поранешен врховен командант на нејзината фракција во Македонија, Ослободетелната нарадона армија – ОНА која ја предизвика војната во 2001 година.

135668_06-ahmeti_f

– Ахмети, кој се школуваше во Приштина, во 80-тите години им помагаше на терористите на Косово од Швајцарија, каде живееше одредено време. Подоцна ја основаше ОВК и учествуваше во крвавите борби на Косово што резултираше со отцепување на таа српска покраина. Кога ја заврши работата во Србија, премина во Македонија каде како врховен командант на ОНА започна нов крвав судир. Кога и тоа се заврши, ја остави пушката и стана „угледен“ лидер на албанска партија, се навраќа Информер.

Од друга страна пак Талат Џафери е некогашен офицер на ЈНА и на македонската војска. За него постојат сомневања дека бил вмешан во масакрот кој се случи на 28 април 2001 година за време на војната во Македонија кај Вејце во тетовско. Албанските терористи тогаш во заседа ги нападнаа припадниците на македонските специјални сили и ѕверски ги убија. За време на масакрот Џафери како офицер на македонската армија командувал со единица во тетовската касарна. Кратко по масакрот тој дезертирал за да им се приклучи на терористите од ОНА каде го добил прекарот Форина.

135669_06-dzaferi_f

До денес некој не одговарал за тој случај, ниту била покрената било каква истрага, а Џафери од февруари 2013 до јуни 2014 беше и Министер за одбрана.

Ќе се прави влада додека Иванов е на пат

Зоран Заев и албанските партии прават план како влезат во Собранието и да направат Влада без мандат кој според уставот треба да им го додели претседателот Иванов. Заев има намера да ја искористи приликата оваа недела додека Иванов со својата сопруга замина за Азарбеџан  каде во четврток и петок треба да присутствува на меѓународен форум.

– Очекувам на седницата на Собранието која ќе ја повикаме оваа недела да биде избран претседател на тоа тело. Исто така очекувам да бидат потврдени нашите 67 мандати по што ќе биде формирана Владата, најавил Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top