| четврток, 6 декември 2018 |

Крива Паланка порача: Македонија да остане унитарна, да се зачуваат суверенитетот и јазикот!

Во Крива Паланка вечерва се одржа протестен марш за поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Учесниците на маршот порачаа Македонија да остане унитарна и да се зачуваат суверенитетот на државата и македонскиот јазик.

– Тие ви велат Ве нема во Европскиот катастар, не сте заведени, немате авторски права, Вие не сте вие, вие сте ништо, празен простор, рече во обраќањето на собирот актерот и писател Тихомир Стојановски. Македонија е земја запишана од самиот Бог во светскиот катастар, а ние денес говориме со јазикот на љубовта. Две илјади години не распнуваат, не бришат, не делат и не бркаат, но ние сме сеуште тука и во нашите срца сеуште чука дамарот на љубовта, рече во обраќањето на собирот актерот и писател Тихомир Стојановски.

– Кирилицата и глаголицата на кои биле препишувани првите книги на првиот универитет Свети Климентов се духовно наследство, духовна култура на Македонија и Европа. Токму поради тоа, порача, никој не може и не смее да ги оспорува, негира или девалоризира овие вредности, додаде Стојановски.

Протестот заврши мирно. Од иницијативата „За заедничка Македонија“ најавија дека утре повторно ќе се одржи протест во Крива Паланка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top