| четврток, 6 декември 2018 |

Арнаудов: Го предупредив Ахмети дека не е добро ВМРО-ДПМНЕ која е сеопшт победник на изборите да остане надвор

Директно го предупредив Али Ахмети дека не е добро ВМРО-ДПМНЕ, која е сеопшт победник на изборите, да остане надвор. Тоа е игра што не е добра ни за едните ни за другите, односно ниту за ВМРО-ДПМНЕ ниту за ДУИ, смета Ламбе Арнаудов од ВМРО-НП.

– Ваква состојба не може многу да придонесе. Според мене, по многу работи ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се слични. Исти обележја, фолклор и цели, со разлика што едните го имаат зад себе македонскиот, а другите албанскиот народ. Мојот став е дека политичка партија како ДУИ треба да сфати дека ВМРО не може да остане настрана во оваа игра. Денешното обраќање на Ахмети може да покаже дека работите се движат кон подобро – вели Арнаудов.

Додава дека доколку се донесе во Собранието одлука во однос на Влада, а без мандат, истата нема да биде уставна.

– „Кога едно малцинство има поголеми права од другите“ е темата на вечерашното „Отворено студио“. Во програмата гостуваат Иван Стоилковиќ – Демократска партија на Србите во Македонија, Бејџан Илјаз – Демократска партија на Турците во Македонија, Ламбе Арнаудов – ВМРО НП и Љупчо Пренџов од ГРОМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top