| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните од Македонска Каменица едногласни: Обединети сите под знамето на Македонија, како единствен народ!

Граѓани на Македонска Каменица поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва петти пат со протестен марш испратија порака за сочувување на унитарниот карактер на државата.

Од градскиот плоштад тие порачаа дека нема да се дозволи да се уништи државата и да се избришат нејзините симболи.

Учесничката на протестот Антигона Постоловска потести на историското значење на Македонија и нејзиното минато.

– Нашата Македонија некогаш била славна земја, земја на Александар Македонски. Денес е на прагот на уништувањето.Ние нема да дозволиме нашата земја, симболите на нашата држава и нашиот народ да бидат уништени. Само сложна и обединета Македонија, обединети сите под знамето на Македонија, како единствен народ. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно, а македонскиот народ кој опстојувал низ историјата, ќе биде избршан.Овој денешен момент е клучен за Македонија, истакна Постоловска.

Протестен марш по десетти пат се одржа и во Делчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top