| четврток, 6 декември 2018 |

Кочани „За Заедничка Македонија“: Да се истрае во борбата за сочувување на територијалниот интегритет на сопствената земја и јазик!

Граѓаните во Кочани и вечерва излегоа на протестен марш низ улиците на градот давајќи и целосна поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.PROTEST-KOCANI-8-1-640x360

PROTEST-KOCANI-5-2-640x360kocani-1

Тие и вечерва со пароли, песни и тапани го искажаа својот револт од иницијативата на „тиранската платформа“ за редефинирање на државата и воведување на албанскиот јазик за втор службен јазик во државата.

Учесниците на маршот ја подржуваат граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ порачувајќи да се истрае во борбата за сочувување на територијалниот интегритет на сопствената земја и сопствениот јазик. Тие се против секакви делби порачувајќи за смиреност и за сплотеност во битката која е започната и треба да заврши со успех.

Мирниот протестен марш кој се одржа низ улиците на Кочани заврши во Паркот на револуцијата каде што пред споменикот на Никола Карев се пееше македонската химна. За утре е најавен повторен протестен марш во Кочани.

PROTEST-KOCANI-1-2-640x360

PROTEST-KOCANI-4-3-640x360

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top