17-ти ден, над 150.000 граѓани во 31 град- ја изразуваат својата решителност да истраат во напорите за зачувување на унитарноста на државата, одбрана на Уставот на Македонија и суштината на вредностите на општеството.
Ќе повториме 117 пати дека ние сме за заедничка Македонија, а не за тирански платформи, не за двојазична држава, ние сме за заедничка Македонија, а не за федерализирана држава, велат поддржувачите на иницијативта ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
-По се изгледа уште некој ден и ќе треба на стадион да се собираме, бидејќи овде е тесно, ама такви се Македонците, ние што сме за заедничка Македонија. Повеќе од 150.000 граѓани има низ целата држава вечерва на 31 локација, истакна Богдан Илиевски, еден од организаторите на граѓанските протести.
Се повеќе и повеќе сме од ден на ден, рече Илиевски и додаде: Не си одиме дома до исполнување на нашите барања!


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст












