| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумската ѕвезда и пријател на Трамп го објави писмото за Македонија испратено од сенаторите до Тилерсон

Шон Хенити, еден од најблиските медиумски пријатели на новиот американски претседател Доналд Трамп, го објави писмото од шесте сенатори испратено до државниот секретар Рекс Тилерсон, во кое има жестоки критики до американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, Џорџ Сорос и до УСАИД.

Вечерва писмото за Македонија на шесте сенатори до државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон го објави и Шон Хенити, најблискиот водител на претседателот на САД, Доналд Трамп. Хенити има постојан пристап до претседателот Трамп, со тоа што токму тој има најмногу направени интервјуа со Трамп за време на кампањата и откако Трамп стана претседател.

-Републиканските конгресни лидери во вторникот испратија писмо до американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и од него побараа спроведување истрага околу тврдењата дека администрацијата на Обама се меша во странски избори. Законодавците откриваат дека имале повеќе разговори со странски претставници, од кои многумина тврдат дека администрацијата на Обама активно се меша во странски избори во Европа, Латинска Америка и во Африка, објави Хенити.

„Загрижувачки е тоа што се чини дека ваквото однесување стана стандардно за многу од нашите амбасади, мисии за помош и дипломатски позиции во целиот свет“, пишува во писмото. „Со почит Ве молиме да ги искористите своите овластувања за да се испитаат сите средства поврзани со унапредување на демократијата и владеењето, како и преглед на програми, сметки и мноштво субјекти од САД вклучени во таквите активности“.

heniti

 

Во писмото до државниот секретар Тилерсон, исто така, се изразува загриженоста на републиканското лидерство во врска со наводите дека парите од даночни обврзници од Стејт департментот се празнат во либерални организации, како што се оние кои ги води активистот Џорџ Сорос, а се користат во странски кампањи.

„Ова не е првпат администрацијата на Обама да е обвинета за мешање во работите на други држави. Обама беше под оган кога Стејт департментот  потроши стотици илјади долари во обид да го порази израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на националните избори во 2015 година“, стои во објавата.

heniti-2

 

Шон Хенити е водител во ударниот термин на „Фокс њус“, убедливо најгледаната телевизиска мрежа во САД. Шесте сенатори во своето писмо ја потврдуваат најавата за голема промена на политиката на САД кон Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top