Сенаторот Мајк Ли од Јута денеска објави информација дека тој и уште петмина влијателни сенатори испатиле писмо со жестоки критики упатени на адреса на американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Бејли, кои од државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Рекс Тилерсон, побарале Стејт департментот да отвори истрага за начинот на кој се користат фондовите на УСАИД и Сорос за поддршка на левичарските политички групи кои работат на уривање на легитимните влади во суверени држави
Сенаторот Ли и неговите колеги веруваат дека таквото однесување е неприфатливо и мора да се запре веднаш.
„Во текот на изминатите неколку месеци имав повеќе средби со претставници и политички лидери на странски држави кои ми пренесоа разочарувачки вести и извештаи на активностите на САД во нивните земји, односно извештаи за дипломатските игри на УСАИД за поддршка на екстремни и понекогаш насилни политички активисти и извештаи во кои се забележува дека Владата на САД работи на маргинализирање на умерените и конзервативните партии во земјите“, пишува сенаторот Ли.
„Ваквото политичко фаворизирање на нашите мисии низ целиот свет е неприфатливо и ги загрозува нашите билатерални односи“, потенцира тој.
Со писмото се повикува државниот секретар Трилерсон да „ги истражи програмите и сметките и фондови кои промовираат унапредување на демократијата“. Тие потсетуваат дека мора да се истражи на кој начин се трошат парите од даночните обврзници на Америка во насока на уривање на билатералните односи, многу од нови и традиционални, на САД и земјите во светот пикирани од страна на УСАИД и Сорос.
Со писмото, кое е потпишано од Мајк Ли, сенатор од Јута, поранешниот претседателски кандидат Тед Круз, кој доаѓа од најголемата републиканска држава Тексас, Џим Инхоф од Оклахома, Дејвид Пердју од Џорџија, Тил Тилс од Северна Каролина и Бил Кесиди од Луизијана, му се задава сериозен удар на Џес Белји, бидејќи Сенатот е директно надлежен во потврдувањето и надзорот на работата на амбасадорите на САД. Незадоволството на Сенатот од работата на амбасадорот Бејли е голем пораз за него и неговите соработници.
По седумте конгресмени кои побараа истрага за работата на Бејли, ова е петта истрага која е најавена за неговото работење во Македонија, така што ова писмо претставува потврда дека Вашингтон го менува курсот во односот со Македонија, а републиканците и новата администрација на чело со Доналд Трамп е на трагата на валканите работи на Соросо во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст