| четврток, 6 декември 2018 |

Им пишал на соседите кои секоја ноќ го буделе поради гласниот секс

Еден човек не можел повеќе да ги слуша звуците од соседниот стан, па одлучил да превземе нешто. Одлучил на соседите да им напише писмо откако не спиел со недели поради нивниот гласен секс. Писмото им го турнал под врата.

Писмото кое им го испратил на „активните“ соседи се нашло на интернет, откако му го покажале на пријател, а тој одлучил да го фотографира и да го објави на „Редит“.

01-sosedi-glasni-vo-krevet-32

Еве што им напишал:

„Драги соседи,

Поздрав! Сакам веднаш на почеток да ви се извинам поради непријатноста што ви го пишувам ова. Но, после неколку недели будење во глуво доба и многу уморни одења на работа, почувствував дека морам да ви пишам. Би било навистина супер кога би ги затегнале шрафовите на креветот. За жал, кога вашиот кревет е „во употреба“, многу е гласно, од шкрипење до удирање на креветот во ѕидот. Имав слично искуство со цимерот на факултет и се` што направивме беше стегнување на шрафовите на креветот и го тргнавме креветот од ѕидот. Проблемот беше решен. Па, ако не ви пречи, обидете се да го направите тоа, ќе ви бидам многу благодарен.

Ви благодарам уште еднаш, ова е непријатно, но морав да ви пишам.

Срдечно,

Вашиот сосед“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top