| четврток, 6 декември 2018 |

Академик Манџуков:Албанската платформа е ултранационалистичка и уценувачка

ман

Академик Митко Манџуков ја нападна албанската платформа нарекувајќи ја опасен документ и проект, за како што рече Голема Албанија. На редовното годишно собрание на МАНУ, академик Манџуков побара од Албанците да се извинат и веднаш да ја повлечат заедничката платформа и ја повика меѓународната заедница да се дистанцира од овој документ.

Со напомена дека ситуацијата е премногу сериозна за Академијата како сериозна институција да не се изјаснува за неа, академик Митко Маџунков настапи со текст во кој ја отвори темата за платформата нарекувајќи ја „ултранационалистичка“, која има поддршка од ЕУ и САД и дека е рамна на уцена или ултиматум. Рече дека таа значи целосно уништување на Македонија и нејзино претворање во голема Албанија. Заклучи дека Македонија е во постојана дефанзива и прави отстапки пред сограѓаните Албанци, пред соседите и пред меѓународната заедница, спомнувајќи ја промената на Уставот во 2001 и повлекувањето на Енциклопедијата на МАНУ во 2009 година затоа што, како што рече, биле повредени чувствата на Албанците во Македонија.

– Сега платформата на албанските партии стократно повеќе ги повредува чувствата на Македонците и за сега е ред на Албанците да се извинат и да ја повлечат својата платформа, а меѓународната заедница да се огради- рече Маџунков.

Платформата, рече тој, содржи прашања за унитарноста и федерализицијата на Македонија поради што е нужно МАНУ уште еднаш да го потврди својот став во врска со единственоста и неделивоста на државата, како што тоа го направила во 2001 кога ја отфрлила идејата за поделба на Македонија, поради што, рече, тогашниот претседател на Академијата бил сменет.

– Обидот за воведување двојазичност на целата територија води кон поништување на претежниот христијански и православен карактер на нашиот народ и кон исламизација и албанизација на нашата таковина- рече Маџунков, според кого на Македонија и се заканува редефинирање до непрепознатливост, со што би се решиле отворените прашања за името, јазикот, црквата и за самиот народ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top